март 4, 2021

БИЛ ГЕЈТС ЗНАЕ СÈ: Посиромашните земји ќе доцнат шест до осум месеци во набавката на вакцината

Посиромашните земји во најдобар случај ќе доцнат од 6 до 8 месеци во набавката на вакцини ковид-19 во споредба со побогатите земји, проценува филантропот Бил Гејтс.

Во интервју за Ројтерс, Гејтс рече дека дистрибуцијата на вакцини е исклучително голем проблем што врши притисок врз глобалните институции, владите и производителите на лекови.

„Секој политичар е под притисок да се бори да ја врати својата земја на теренот“, рече Гејтс.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс досега вети 1,75 милијарди долари за борба против пандемијата ковид-19, вклучително и во рамките на програмата КОВАКС за правична дистрибуција на вакцините водена од Светската здравствена организација.

КОВАКС планира да дистрибуира 2,3 милијарди дози вакцини до крајот на годината, вклучително и 1,8 милијарди дози бесплатно за сиромашните земји. Тој се надева дека првите испораки ќе бидат реализирани во февруари.

Гејтс вели дека дистрибуцијата на вакцините низ КОВАКС првично ќе биде скромна.

Гејтс во писмото објавувајќи ги приоритетите на фондацијата напиша дека верува оти луѓето што живеат во побогатите земји ќе бидат сведоци на крај на пандемијата и враќање на нормалниот живот до крајот на годината, под услов вакцинацијата да опфати 70 до 80 проценти од населението.

Тој додаде дека пандемијата резултира и со нешто добро – значително забрзување во развојот на вакцините, како што е онаа заснована врз технологија за РНК што ја користат Бионтек/Фајзер и Модерна. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •