април 18, 2021

Царовска: Матурата задолжителна за сите што сакаат да продолжат во високо образование

Матурата е законска обврска за сите што сакаат да продолжат во високо образование, рече денеска министерката за образование, Мила Царовска. Запрашана за коментар – што ако средношколците продолжат со бојкотот на наставата.

„Оние ученици коишто не сакаат да полагаат државна матура имаат можност да изберат училишна матура или стручен испит и може да полагаат токму тоа што го бараат матурантите – два предмета и проектна задача, но повторувам, за да може да се продолжи во високо образование потребно е да се полага државната матура“, рече Царовска.

Мнозинство матуранти од почетокот на второто полугодие ја бојкотираат наставата. Оваа одлука ја донесоа во Сојузот на средношколците, бидејќи не се прифатени нивните барања да се скратат предметите за државната матура.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •