мај 19, 2021

Русија во февруари почнува со масовно производство на втората вакцина

Русија ќе започне со масовно производство на својата втора вакцина против ковид-19 во февруари, најави денеска премиерот Михаил Мишустин откако минатата недела земјата започна масовна кампања за вакцинација.

„Следниот месец, ќе започнеме со масовно производство на вакцината EpiVaCorona “, рече Мишустин на телевизискиот состанок, додавајќи дека руската влада издвоила околу 21,8 милиони евра за оваа намена.

Ова е втора руска вакцина против ковид-19, од која досега починале повеќе од 2 милиони луѓе ширум светот.

Оваа вакцина, регистрирана во Русија во октомври, е изработена од лабораторијата Вектор во Новосибирск, во западен Сибир. Оваа лабораторија тајно истражувала биолошко оружје во советското време и чувала примероци од разни вируси, од вариола до ебола.

Русија ја регистрира својата прва вакцина против коронавирус во август минатата година, произведена во московската лабараторија Гамалеја, во соработка со руското Министерство за одбрана.

Русија минатата недела официјално започна масовна кампања за вакцинација со Спутник V со надеж дека ќе го запре ширењето на епидемијата без повторно воведување општ карантин.

Владимир Путин вчера изјави дека епидемиолошката состојба во земјата „се движи кон стабилизација“, бидејќи Русија објавила помалку од 20.000 нови инфекции на ден за прв пат од почетокот на ноември.

Официјалните податоци покажуваат дека до денеска 3.756.931 лице биле заразени со коронавирус во Русија, од кои 70.482 починале, објави Гардијан.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •