јуни 23, 2021

Огромен пад на производството на електрична енергија во ноември, Македонија се позависна од увоз

поскапување на струја

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 671 057 МWh електрична енергија, 45.016 мил. нм3 природен гас, 402 743 тони јаглен и 85 862 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 60.8 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, што значи дека скоро 40 % од потребната енергија во месец ноември е од увоз.

Огромен е падот на производството од хидроцентралите, и истото во месец ноември 2020 година во однос на истиот месец од 2019 година е помало за 63,4 %. Пад има и кај производството во РЕК Битола и истиот изнесува 25,5 %.

Извор: ДЗС

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •