март 8, 2021

Милошоски: Во Собранието има пратеник кој бил осуден за силување жена

Имаме колега пратеник кој во минатото силувал жена, а сепак сега е на висока функција, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. 

Милошоски, денеска од собраниската говорница изјави дека дава целосна поддршка за Законот за спречување и заштита од насилство врз жените. Тој изнесе податок дека во актуелниот собраниски состав има пратеник кој во минатото бил казнет за силување на жена. Милошоски не го откри идентитетот на пратеникот, ниту од која партија е тој. 

„Одлежал казна ама сепак сега врши висока функција. Барам предлогот да не може да извршува висока функција како градоначалник, пратеник, министер да се вметне во законите за избор на градоначалници, пратеници и за избор на влада, човек кој извршил родово базирано насилство врз жена“, рече Милошоски. 

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кажа дека немаат информација дека пратеник имал извршено такво кривично дело.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •