јуни 22, 2021

МЕРКЕЛ СО КРАЈНО ПЕСИМИСТИЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пандемијата излегува од контрола

Пандемијата излегува од контрола, предупреди германската канцеларка Ангела Меркел пред колегите од Христијанско-демократската унија, информира „Билд“.

Најпродаваниот весник во Германија пишува дека Меркел им соопштила на партиските претставници дека се потребни построги мерки за да се спречи нов бран на инфекции.

Според канцеларката, потенцијалната закана од брзото ширење на новите видови на корона вирусот значи дека Германија „претставувабуре барут“. Таа предупреди дека состојбата со вирусот може лесно да се влоши во следните недели.

Истовремнено Меркел истакна дека е неизвесно дали продавниците ќе се отворат кон средината на февруари, повикувајќи на повеќе мерки, вклучително и што повеќе ограничувања за патувањата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •