април 13, 2021

Ивановска за рамковните вработувањa: Политичките одлуки го дерогираат системот

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во гостување на „Утрински брифинг“ го критикуваше трансферот на административците вработени по Рамковен договор, бидејќи вели на овој начин не се земаат предвид потребите на институциите.

„Политичките одлуки, не само оваа, туку одлуките во континуитет поврзани со тоа прашање, само го дерогираат системот. На почетокот Владата во 2006 или 2007 година има формирано Комитет на министри коишто треба да соберат податоци за тоа какви се потребите на институциите и тогашниот вицепремиер да добие податоци од самите институции. Тие тоа воопшто не го земаат во предвид и започнуваат со вработување. Значи ни тогаш ни денеска не се тргнува од потребите, нема анализа, не е земена во предвид“

вели Ивановска.

Таа рече дека ДКСК добила осум вработени, кои се планирани за места на помлади соработници, но антикорупциската комисија вели, планирала да вработи виши советници. Ако сакаме здрав систем треба да ставиме здрави темели, вели Ивановска.

„Не се земаат во предвид потребите. Груби вели дека ги земале во предвид  систематизацијата и плановите за вработување. Ние таму сме кажале дека ќе имаме осум нови вработувања и тие ни даваат осум по Рамковен. И што значи тоа? Ние ќе ја менуваме систематизацијата? Од друга страна, нашата систематизација е димензионирана максимално колку што може. Тие се помлади соработници, а ние сме предвиделе работни места за виши советници. Можело да се најде решение, во овој период можеле да бидат обучувани тие луѓе. Од 2007 година до сега, колку вкупно вработувања има во државна администрација? Зошто при секое вработување не се земала во предвид таа програма за вработување и досега да беа ставени во системот? Дали со решавање на проблемот не предизвикуваме други проблеми?“, вели Ивановска.

вели Ивановска.

Таа рече и дека жално е што втора година нашата држава нема усвоена национална стратегија за борба против корупцијата и покрај тоа што таа е подготвена од страна на ДКСК.

„Акциониот план е апдејтиран и сега таа стратегија е за период 2021-2025.  Таа е направена на многу инклузивен начин, правена е со претставници од министерствата, НВО, медиуми и направен е збир на искуство и ескпертиза, но проблем е што се уште чекаме мислење од Владата“,

вели Ивановска.

Коментирајќи ги заложбите на Владата за борба против корупцијата, Ивановска вели дека антикорупционерите имаат чувство дека поддршката е само декларативна.

„Почнавме да градиме чувство дека поддршката е само декларативна. Владата излезе со јака политичка волја, го донесе Законот, беше избрана комисијата, во тој Закон беа јасно и прецизно утврдени наделжностите на Комисијата, но и правата во смисла на тоа како таа ќе успева да обезбедува податоци. За да ја исполниме улогата треба да имаме одредени можности. Ништо од она што го бараме не сме успеале да го обезбедиме“,

вели Ивановска.

Ивановска повторно критикуваше што вицепремиерот Артан Груби и вработените во Министерството за политички систем се вдомија во зградата од која еден дел требаше да ѝ припадне на Државната комисија за спречување корупција.

„Верував во приказната дека толку се парите особено со ковид кризата и навистина сметав дека дотука е силата и дека можеби и ние не треба да премногу притискаме да ни се купи простор по секоја цена. Всушност и за тоа отидовме на варијанта Б да се среди ова како може да се среди, меѓутоа да биде поевтино и од друга страна да се обезбеди неопходни услови за работа. Меѓутоа со последниве настани кога се изброија 14 милиони евра не верувам веќе во таа приказна дека нема пари за ДКСК.  Таму требаше да се вселиме и ние и финансиската полиција, значи две многу важни институции кои треба да откриваат неправилности, криминал итн. Јас бев изненадена кога по повод пратенички прашања се најдов во Собранието и разговарав со министри кои во претходниот период кажаа дека лично ќе се залагаат ДКСК да ги добие просториите бидејќи тоа беше важно за Европскиот извештај. Им реков, како сега ќе им објасните на ЕУ? Ми рекоа – „Зарем таа зграда е“?,

вели Ивановска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •