јуни 22, 2021

ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПОСТАВУВА МАСИ ЗА ПИНГ-ПОНГ, ШАХ И ТАБЛА НА ОТВОРЕНО

Од Град Скопје велат дека со овие содржини просторот ќе стане поатрактивен и ќе го привлече локалното население.

Маси за пинг-понг, шах и за табла ќе се постават на десетина локации во Скопје. Град Скопје, заради уредување и оплеменување на јавните површини, ќе поставува вакви содржи во пет Општини, за што ќе склучи договор за меѓуопштинска соработка.

„Со овие содржини просторот ќе стане поатрактивен и ќе го привлече локалното население, а и случајните минувачи да поминат дел од денот во овие простори“, велат од Град Скопје.

Во Општините Аеродром и Центар ќе се постават 2 маси за пинг-понг, двојна маса за шах, двојна маса за табла и 2 клупи, а во Гази Баба, Ѓорче Петров  и Карпош по една маса за пинг-понг, единечна маса за шах, единечна маса за табла и 2 клупи.

Од буџетот на Град Скопје за овој проект се предвидени околу 40.000 евра.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •