март 7, 2021

ВИДЕО | Проф. Атанасов: Реформа во образованието е потребна, но приоритетите се измешани, а научната фела недоволно консултирана

Во медимуите се води многу поквалитетна и суштинска дебата во однос на институциите. Се покажа дека институциите се крути, конзервативни и не сакаат да дебатираат и всушност тоа е најголемиот минус на цел овој концепт што го слушаме. Очигледно е дека целиот тим што го подготвуваше Концептот влегоа не доволно подготвени и без консултации со важни субјекти. Реакцијата се должи на не добро подготвена реформа, изјави во Утрински бирифинг универзитетскиот професор Петар Атанасов и одадава дека доколку биле консултирани факултетите, експертите, професорите, па и наставниците помалку ќе се згрешело.

Консултациите за реформата се потребни. Има многу елементи на кои треба да се внимава за секој ден да функционираа. Најмногу реформи имаше во владите на Никола Груевски, но квалитет не добивме, вели Атанасов.

-Во промените мора да има лидерство. Ако за три месеци со еден тим нудите некаков концепт, требало уште три месеци да ги исконсултираите или да седнете да работите со нив, а не да ви пратат писма. Суштинскиот модел треба да го решавата со луѓето кои се заинтересирани, кои по вокација се повикани да кажат нешто. Ако имате реакција од инситутите од факултетите, тогаш нешто не чини. Не може се одеднеаш да се направи. Подобро е можеби да се фатат еден – два баззични предмети, па да се реформираат во цела една вертикала, смета Атанасов.

Во зависност од тоа која структура или тим ги прави реформите тие ги одбираат приоритетите. Ако јас сега би одбирал јас би ја одбрал пандемијата и се она што се случува во образованието. Како прв приоритет треба да ги заштитиме децата. Учебниците се важна работа, но не се прв приоритет, тоа треба да биде цела состоба. Потребни се анализи на наставата и како тоа оди. 10 до 15 години имаме масовни вработувања, а не знаеме што имаме и каков квалитет имаат наставниците. Апсурдно беше што растеше бројот на наставници, а паѓаше бројот на ученици, вели Атанасов.

Извор: Слободен печат

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •