март 1, 2021

Протести против полицискиот час во Холандија: Борба со полицијата и ограбени маркети (видео)

Конфликти со полицијата и грабежи се случија денес во неколку градови во Холандија за време на протестите против полицискиот час воведен вчера, за борба против епидемијата со ковид-19, пишуваат холандските медиуми и локалните власти.

Водени топови и полициски кучиња беа распоредени во Музејплеин, плоштад во центарот на Амстердам, за да растераат стотици демонстранти, објави јавната телевизија НОС. Најмалку 100 лица се уапсени, се вели во соопштението на градската администрација во Амстердам, според кое се проценува дека околу 1.500 лица учествувале на протестите во главниот град во неделата.

Продавници во Ајндховен мета на разбојници

Во Ајндховен, на југот на земјата, полициските сили растурија неколку стотици луѓе со солзавец, објави регионалната телевизија Омроп Брабант.

Неколку возила биле запалени, а продавниците и главната станица во Ајндховен биле мета на разбојници, според Омроп Брабант. „Најмалку триесет лица се уапсени“, изјави полицијата на Ајндховен за АФП и додаде дека нема информации за повредените.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •