февруари 28, 2021

Несудениот премиер Насер Зибери, предложен за народен правобранител

Не му успеа да стане првиот албански премиер во Македонија, но ќе успее да биде народен правобранител. Иако изборот во Собрание станува се понеизвесен денеска и покрај тоа што точката е на дневен ред, ова столче сега е резрвирано за Насер Зибери. Тој беше промовиран во јуни годинава пред изборите, како кандидат на ДУИ за прв премиер Албанец, но како што го промовираше така лидерот на партијата Али Ахмети, подоцна низ преговрорите со Зоран Заев се договори во Владата која ќе ја води Заев да има само Албанец кој ќе е прв вицепремиер. И на тоа место седна Артан Груби. Зибери е поранешен министер за труд и социјална политика.

Пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не беше активен во политиката, односно за цело тоа време работи како нотар. Во 90-тите како кадар на ПДП влегува во политиката и во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски.

Претходно, а и по напуштањето на Владата, беше пратеник. 

Додека траеше кампањата Насер Зибери рече дека ќе се залага за решавање на нееднаквоста во приватниот сектор и вработување на Албанци таму.

„Во многу домашни компани припадниците на помалите заедници уште нема можност да се вработат, односно во голем број претпријатија уште постои нееднаквост и дискриманиција. Кога зборувам за еднаквост не мислам само за Албанците, туку и за Турците, Бошњаците и другите помали заедници. Исто така и за Македонците. Ова од причина заради тоа што еднаквоста не е само неопходност за модерно општество, туку таа ја зајакнува економијата“, изјави Зибери.

Тој ветуваше мултиетничка химна, задолжително учење албански јазик, ветинг за сите, флексибилно работно време, консензуално одлучување со врзан потпис, 13 август денот на потпишувањето на Рамковниот договор да биде државен празник. ДУИ тогаш промовираше дека албанскиот ќе стане задолжителен за секој ученик во петто одделение, висок суд за еднаквост и антидискриминација.

Насер Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Зибери во минатото беше висок функционер на ПДП.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •