март 1, 2021

Каракачанов до Македонците: Ние сме еден народ

Бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов изјави дека треба да се запре со омраза затоа што како што вели сме биле еден народ. 

Тој вели дека е наивно да се очекува промена на позицијата на неговата земја по изборите на пролет или евентуален притисок од американската администрација на новиот претседател Џо Бајден.

„Не се надевајте, како што вели бугарскиот народ од двете страни на границата, од оваа страна на Осогово и од друга страна. Завршете ја работата, спроведете го Договорот за добрососедство и работата ќе тече! Престанете да ги едуцирате младите со говор на омраза кон Бугарите, затоа што ние сме еден народ. Едуцирањето на едната страна да ја мрази другата е целосно нелогично, непродуктивно и нема да доведе до ЕУ“, рече Каракачанов. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети деновиве изјави дека спорот со Бугарија ќе се реши напролет. Поради бугарското вето Македонија не ги почна преговорите со ЕУ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •