февруари 28, 2021

ЕУ ОСТАНА БЕЗ ВАКЦИНИТЕ ОД ФАЈЗЕР: На состанок на ЕУ ќе се разговара за нова стратегија

Европската Унија и оваа недела остана без вакцините ветени од компанијата Фајзер, а оттаму велат дека немаат доволно производство. Во меѓувреме, или поконкретно на 23.јануари Фајзер објави дека е потпишан нов договор со американската влада за нарачка на нови сто милиони дози од вакцината и тоа во текот на април, мај и јуни, што дополнително ја налити Европската Унија.

Ова е причина, шефовите на диипломатиите на земјите-членки на Унијата денеска да разговараат за нова стратегија за дистрибуција на вакцините, како во земјите на ЕУ, така и во земјите од западен Балкан.

Набавка на вакцините во Европа е првата точка на дневниот ред на состанокот, и се очекува да се каже каква ќе биде стратегијата на Унијата за еднаква дистрибуција во сите земји, вклучително и во Западен Балкан.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •