мај 18, 2021

ПОШТА СЕ ВРАЌА ВО ИГРА: Ќе бара помош од ЕУ да ја реконструира опожарената сала и да стане еколошка компанија

Пошта на Македонија, преку нејзиниот нов директор Јани Макрадули, ќе бара Делегацијата на Европската комисија да и помогне да ја реконструира опожарената шалтер сала, која, како што велат, е гордост не само на Пошта, туку и на цела држава.

Исто така, ќе се бара помош Поштата да прерасне во еколошка компанија. Еве што напишаа од Пошта на својот фејсбук профил.

 „Иницираме регионална соработка и поголема ЕУ поддршка за модернизација и поквалитетни услуги за граѓаните.Остварени средби на генералниот директор Јани Макрадули со амбасадорите на Република Хрватска и Словенија, а веќе се изготвени и писма на интерес за соработка на Пошта со националните Пошти на двете земји.Очекуваме поддршка од нашите партнери од Делегацијата на ЕУ во делот на реконструкција на опожарената шалтер сала која претставува архитектонската гордост на Пошта, но и на целата држава. Дополнително, разговаравме за можностите за европска помош во процесот на постепено преструктуирање на Пошта во еколошка компанија, која ги имплементира сите еко стандарди во своето работење. Исто така, беа разгледани и можностите за вклучување во други проекти и TAIEX програмата во дел на поддршка на поштенските услуги“, се вели во објавата на Пошта на нивниот фејсбук профил.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •