мај 19, 2021

Милошоски: Лекот „клексан“ чини 10 евра во Германија, а кај нас е 60 евра ( видео)

Додека лекот Клексан во Германија е 10 евра, Венко ‘заборавил‘ во Македонија да го стави на позитивната листа и истиот болните пациенти го плаќаат по 60 евра, од што некој зема дебели провизии, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека многу луѓе во пендемијава секојдневно се борат за својот живот, министерот Венко Филипче не е способен да ги исполни ниту неговите сопствени ветувања дека навремено ќе обезбеди вакцини за имунизација, обвини на Фејсбук, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.Можеби ќе ве интересира

„Додека министрите за здравство на Србија, Албанија, Бугарија, Грција напорно работеа и веќе им овозможија вакцинација на нивните граѓани, на доброволна основа, Венко Филипче правеше неетички ПР со пациенти-деца и Дедо Мраз. Додека лекот Клексан во Германија е 10 евра, Венко ‘заборавил‘ во Македонија да го стави на позитивната листа и истиот болните пациенти го плаќаат по 60 евра, од што некој зема дебели провизии. Затоа на граѓаните не им треба ПР-от на Венко, туку им треба конкретна и организирана помош за да се спаси човечки живот преку навремени и достапни здравствени услуги“, напиша Милошоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •