мај 17, 2021

„Картонски“ згради се прават во Скопје – плаќаш за европски квалитет, а добиваш „фушерај“

Граѓаните нема кој да ги заштити од преваранти кои на слика покажуваат едно, а клуч на рака друго.

-Картонски згради се градат, се уште невселени на некои места се поплавуваат, а што ќе биде за 10 години, и цените се превисоки. Секогаш вселувањето доцни една година најмалку, во овој случај инвеститорот треба да плаќа пенали на купувачот, но тоа кај нас не се почитува, вели Анита од Кисела Вода.

-Не треба да се стимулираат граѓаните за да купат неквалитетни станови од градежната мафија која ти продава само стан не дом, мислам дека државата треба да даде субвенции за изградба на куќи надвор од градот бидејќи е преполно, вели Владо од Центар.

-Градежните фирми нудат квалитет по договорот, а по една две години се приметува неквалитето во изградбата, вели Ленче од Мичурин.

-Пред три години се вселивме во нова зграда ка Расадникот, веднаш се појави мувла во купатилото од непрофесионлно изведената работа, вели Петар од Скопје.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •