април 13, 2021

Заев: Никогаш не сум посочил дека друго лице е виновно за „Монструм“, последниот збор ќе го има правосудството

Премиерот Зоран Заев тврди дека никогаш не посочил оти други лица се виновни за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

„Ако имав информации во изминатите години ќе ги посочев. Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот“, рече премиерот Заев

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •