мај 7, 2021

Двете страни на Скопје: Едната на фејсбук, а другата во реалноста

Една слика од камерата на Петре, а друга во реалноста. Вака коментираат скопјани на социјалните мрежи.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов минатиот викенд на фејсбук објави дека со својот миленик Тоби уживаат во новиот парк во скопската населба Мичурин и на фотографиите може да се забележи убав парк, клупи и зеленило. Ново место кое заслужува пофалба. 

Но, само неколку метри од овој парк е сосема поинаква слика, Мичурин се дави во кал и вода, а скопјани секојдневно се соочуваат со високите треви кои не се искосени со години. Слична состојба е и преку улица во близина на средното училиште „Димитар Влахов“ и таму кал, трева и многу дупки. 

Се чини дека градски фотоапарати и камера ги забележуваат само убавите страни на Скопје. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •