мај 16, 2021

Развиен лек за оние кои не можат да ја примат вакцината против Ковид-19

Во испитувањето учествувале 299 корисници на домови за стари лица и 666 членови на медицинскиот персонал во тие институции

Во светот се развиени неколку вакцини против коронавирусот, но постојат лица кои поради разни болести не смеат да ги примат истите. Решението не е во тоа тие луѓе да останат незаштитени, поради што научниците почнале да развиваат лек кој би можел да ги заштити од Ковид-19.

Научната група Eli Lilly развила синтетички антитела кои овозможуваат до 80 отсто намалување на ризикот од зараза со коронавирус, покажуваат првите резултати од студијата.

Водичот на тимот кој работи на истражувањето, Даниел Сковронски, вели дека се многу задоволни од првите резултати кои покажуваат дека синтетичките антитела наречени „bamlanivimab“ го намалуваат симптоматскиот облик на Ковид-19 кај постарите лица.

Во испитувањето учествувале 299 корисници на домови за стари и 660 членови на медицинскиот персонал во тие институции, на кои им биле давани синтетички антитела или плацебо.

По осум недели следење на групите, ризикот од развивање на симптоматски облик на коронавирус бил намален за 57 отсто кај сите лица кои примале синтетички антитела.

Иако се ветувачки, ова се само први резултати од студијата така што не треба да се донесуваат прерани заклучоци, а допрва се очекува резенција од странски научни заедници.

Инаку, синтетичките антитела се даваат интравенски и делуваат така што ја имитираат реакцијата на имунолошкиот систем по зараза со коронавирус, и тоа така што спречуваат „шилците“ на вирусот да се закачат за човечките клетки.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •