март 2, 2021

Од денес пониски цени на горивата, се враќа законската акциза

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се со пониска цена за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги

Од таму појаснуваат дека одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од ноќеска на полноќ во сила стапи Законот за акцизите.

Имајќи го во предвид погоре наведеното, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од денес чинат 2,00 денар/литар помалку, во однос на
малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), е пониска за 13,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 18.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се променува и истата останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката од 18.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 30,823 ден/кг.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •