април 18, 2021

Ни систем ни држава

Најстрашно е што толку немаме суверенитет и право самостојно да одлучуваме, што предавниците на власт не смеат да нарачаат руски или кинески вакцини. Мора да бидат купени од држава од НАТО, поточно од Западот. Затоа мора да се купи недовршената, на две на три направена Фајзер вакцина, а не да речеме путиновката, Спутник.


Во случајов, може и подобро што Фајзер нема ни да стигне кај нас до крајот на годинава во полна количина, но таа немоќ да ја набават зборува за безгласноста на оваа квислингшка влада.
Цела држава ја донесоа во толку понижувачка ссстојба што целосно ја разобличија.
Од својот народ направија робови на европските господари и нивните балкански партнери и џелати.


Уште чекаме за Датум, за вакцини, за правда, за ред, за непартиска селекција, за квалитет, за врвно образование, за ефикасно здравство, за демократија и достоинствен живот.
Замислете наместо ковид, да имавме пандемија на ебола, чума или беснило.
Додека неспособните филипчевци, заевци, набавеа вакцини, ќе испоумревме ко зајци, сите до еден.


Тие можни сценарија ме вадат од кожа, кога сфаќаш дека не постои ништо на што можеш да се потпреш. Ни систем ни држава. Ништо. Дупло голо, дабл пенетрејшн.
Чекајте уште на Фајзер резили едни, просјачете по шака вакцини во соседствово, кога не смеете да писнете и да купувате вакцини од антиНАТО држави.
Сега уште ЕУ кога ќе не обележи како црвена зона, во која епидемијата уште беснее и официјално ќе станеме резерват.
За тоа и се борите нели?

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •