април 18, 2021

Мрежи во Охридското Езеро за време на мрестот на пастрмката (ВИДЕО)

 Кратка хорор приказна е насловот на видеото за фрлените мрежи во Охридското Езеро за време на мрестот на пастрмката. Видеото е снимено вчера од нуркачите на клубот „Амфора“.

Охридската пастрмка претставува симбол на Охрид, се поистоветува со староста на езерото односно постои од неговото настанување. Кога се мрести таа мигрира во поплитки води, за чие време има строга забрана за нејзино ловење. Интересно е што во рок од еден или два дена некои мрестови се комплетно напуштени. За жал за време на нашите подводни активности ја сретнуваме се помалку и помалку, напишаа членовите на „Амфора“ на својата фејсбук страница.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •