април 18, 2021

Како да препознаете дека ви е паднат имунитетот

“Паднат ми е имунитетот“! Реченица која во изминатиов период сигурно барем еднаш си ја изговорил. И тоа најчесто откако на три-четири дена чувствуваш дека си настинат, дека те боли цело тело, дека немаш сила за ништо…

ДА, сите овие состојби се знак дека имунитетот ти е паднат. Но, што всушност паднало, каде настанал проблемот и што се случува и кои се последиците кога слабее имуниот систем?

Кога ти се нарушува имунитетот, бројни симптоми укажуваат дека ти е ослабена одбранбената моќ на организмот, па се јавуваат чести инфекции, дехидрација, пролив, дигестивни проблеми, замор, чести воспаленија на грлото.

Слабиот имунитет може да се забележи и по изгледот на кожата, ноктите и косата. Појавата на херпес на устата често е симптом на ослабен имунитет. Всушност, ослабениот имунитет е подложен на повторувачки инфекции.

ЗОШТО ПАЃА ИМУНИТЕТОТ?

Во најголем број случаи, слабиот имунитет може да биде предизвикан од лоши животни навики: стрес, недоволна физичка активност, пушење, лоша исхрана и преголем физички напор. Кога причинителот на болеста (патоген) доаѓа во организмот, имунитетот се активира, а ако не успее да се избори, настапува болест.

ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ?

Ослабениот и паднат имунитет може да се поправи за ефикасно да ве заштити од вируси, бактерии и други штетни материи. Најважно е да се препознаат симптомите и опоравувањето може да почне.

Нема подбро, поедноставно и побезбедно решение од внесувањето додатоци на исхраната, кои докажано делуваат на подобрување и дигање на имунитетот.

ЦИНКОТ е клучен за оптимално функционирање на имуниот систем кој помага во борба против вирусните инфекции, спречува нивно размножување и ширење низ организмот. Со помош на цинкот процесите во телото кои се битни за одбрана на организмот од “микронапаѓачи“  прецизно и ефикасно се одвиваат, така обезбедувајќи здрав и силен имунитет.

ВИТАМИНОТ Ц е докажан сојузник на добриот имунитет  кој има антивоспалително дејство и ги смирува воспалителните процеси во телото и е силна поддршка на здравјето кога е загрозено од вируси и инфекции.

Витаминот Д3 е важен во регулирањето и спречувањето на воспалителниот цитокински одговор на респираторните клетки, вклучувајќи и респираторни вируси.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •