март 4, 2021

ЦАРОВСКА НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МАНУ: Реформа ни е неопходна и нема време за одлагање

Новата концепција за основното образование ќе се имплементира постепено во период од 6 години, а за успешно спроведување на целиот процес МОН и Бирото за развој на образование се обврзуваат дека ќе направат максимални напори наставниците да ја поминат потребната обука – ова го соопштила министерката за образование и наука Мила Царовска на средбата со академици од одделението за општествени науки на МАНУ.

Разговарале и за забешките за новиот образовен концепт, динамиката со која ќе се спроведуваат реформите и обуките на наставниците.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •