јуни 23, 2021

СДСМ: Повик за бојкот е повик за кршење на законите, Мицкоски нема да спречи попис

Сдсм

Повик за бојкот е повик за кршење на законите, Мицкоски нема да спречи попис, прв по 19 години, се наведува во реакцијата на СДСМ на ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Докажаниот губитник Христијан Мицкоски со повикот за бојкот на пописот ги поттикнува граѓаните на кршење на законите.

Во државата не се одржал попис цели 19 години, а последниот обид за попишување на населението во 2011 година пропадна поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега кога е донесен законот за попис и се создадени сите нормативни услови за спроведување на оваа важна статистичка операција , Мицкоски, како и секогаш кога се случуваат важни работи, се става на спротивната страна на интересите на државата и на граѓаните.

Со пописот што ќе се одржи напролет конечно по речиси две децении ќе се приберат целосни релевантни податоци кои се од особено значење за креирање на издржани политики и стратегии за развој на државата, за стопанството и за граѓаните.

Антинародното и антидржавното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски се противи на напредокот на државата, се однесува штетно, бидејќи пописот е статистичка операција неопходна за развојот на државата, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •