април 18, 2021

Почина познатата глумица Мира Фурлан

Познатата глумица Мира Фурлан, почина на 65. години, објавено е на нејзиниот профил на „Твитер“, а пренесоа голем дел од хрватските и српските портали.

Фурлан е родена 1955 година во Загреб, а причината за смртта е непозната.

На „Твитер“ стои дека починала уште пред два дена, односно на 20. јануари.

Креаторот на серијата „Вавилон 5“ во која и самата играше, се прости од неа на социјалните мрежи. Тој напомена дека веќе некое време имала здравствени проблеми.

„Ова е ноќ на голема тага, нашата пријателска и сопатничка замина на пат на кој веќе не можеме да ја фатиме. Но, како и со сите други, ќе ја стигнеме еден ден и верувам дека ќе имаме многу приказни за нас тогаш и многу важни улоги ќе поделиме со универзумот“, напиша Михаел Стразински.

Фурлан глумеше во бројни југословенски филмови и серии, а во текот на деведесетите години се пресели во САД каде што глумеше и во познатиот сериал „Загубени“ (The Lost).

Глумеше во познатите филмови „Чао Инспекторе“, „За среќа се потребни двајца“, „Осудени“, а последната улога ја имаше во 2010 година. Глумеше и во сериите „Подобар живот (Бољи живот)“, „Ќе се вратат штрковите“, „Најдобри години“, „Вук Караџиќ“ и многу други.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •