Паралелно ќе се градат двете делници од пругата кон Бугарија

Делниците од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка ќе се градат паралелно, поради побрзо завршување на изградбата, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при увидот на санацијата на Искрин мост во Куманово.
– Според правилата на Европската банка за обнова и развој, сите компании кои ќе се квалификуваат ќе можат понатаму да продолжат со тендерската постапка. Веруваме дека оваа година конечно ќе дадеме силен инпут во реализација на овој значаен регионален проект, истакна Бочварски.

Како што истакна министерот објавен е тендерот и ќе трае до 4 февруари.
Сподели