април 13, 2021

ЕУ НЕ САКА ДА ИЗБРЗУВА СО КОВИД ПАСОШИ – отворено е прашањето дали се тие етички

Пасош кој ќе покажува дали одредени граѓани се вакцинирани против ковид засега нема да се воведува во Европската унија. Овој таканаречен „коронавирус пасош“ кој би им овозможил слободно патување на оние кои се вакцинирани против ковид-19, засега нема да се носи изврзана одлука за ваков пасош. 

Дека нема да се воведе „коронавирус пасош“ потврди и холандскиот премиер Марк Руте, по вчерашниот состанок на европските лидери, на кој се дискутирало за ова прашање.

Како што е познато, Грција и Португалија побараа воведување ваков пасош бидејќи нивните економии во голема мера се зависни од туризмот. Сепак, според Руте, има уште многу прашања, првенствено етички, во врска со вакви пасоши.

Европските лидери изразија загриженост поради новите варијанти на коронавирус кои потекнуваат од Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка. Се смета дека тие се попреносливи, но не и поопасни од оригиналниот вирус и постои загриженост дека актуелните вакцини нема да нудат заштита од некои од нив.

И покрај тоа, ЕУ нема намера да ги затвора внатрешните граници, но на луѓето им се препорачува да не патуваат ако не е неопходно.

„Сите несуштински патувања внатре и надвор од границите на Унијата би требало да се избегнуваат“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •