март 6, 2021

Голф е „мртов“ во Америка

Фолксваген веќе нема да го прави моделот Голф за Соединетите Американски Држави.

Фолксваген Голф веќе нема да се продава во САД и тоа е официјално потврдено од страна на германскиот произведувач.

Голф 8 „GTI“ и Голф „R“ секако ќе бидат во понудата, тоа нема да се промени, но ниту еден иден модел нема да се продава во САД.

Ваквата одлука е донесена поради лошата продажба на актуелниот модел.

Поради тоа, Фолксваген ќе биде фокусиран на моделот Џета, како и кросоверот Таос,кој за купувачите во Америка е доста попримамлив од Голф и тоа е сосема логичен потег на Фолксваген.

Во Соединетите Американски Држави, Голф може да се најде по цена од 24.190 долари, а најмногу 24.990 долари. Што се однесува до европскиот пазар, ГОлф нема да престане да се продава.

Како што пишуваат американските медиуми, Голф е „мртов“ за нивниот пазар.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •