мај 19, 2021

Ќе станат ли “ковид пасошите” задолжителни за патувања

Шпанија која и претходно најави дека на нејзините државјани нема да им овозможи патувања во странство без вакцинација, бара да се направи ваков сертификат кој според нив би го олеснил патувањето.

Шпанија и Португалија се приклучија кон грчките барања за издавање на Ковид пасоши во пресрет на денешниот он-лајн самит на Европската Унија на кој меѓудругото се очекува да стане збор и за можноста од воведување на ваков документ при патување во рамки на Унијата.

Шпанија која и претходно најави дека на нејзините државјани нема да им овозможи патувања во странство без вакцинација, бара да се направи ваков сертификат кој според нив би го олеснил патувањето. Во пресрет на самитот, од европската комисија порачаа дека очекуваат сите одлуки да бидат донесени без да се ограничи слободата на движење.

-Претседателот ќе дискутира за одговорот на последните случувања со лидерите на ЕУ денеска на видео-конференцијата на Европскиот Совет. Клучните принципи остануваат јасни, потребни ни е подобра координација на мерките, а секое ограничување на слободата на движење мора да биде пропорционална, не дискриминаторска и јасно образложена на граѓаните. Како што појасни претседателката Фон Дер Лајен вчера во Европскиот парламент, затворањето на границите нема смисла,вели Кристијан Виганд – Портпарол на ЕК .

Грчкиот премиер Мицотакис најавувајќи го издавањето на сертификатот за вакцинација против коронавирусот нагласи дека станува збор за потврда која би ја добиле граѓаните кои ќе се вакцинираат, но дека тоа според него не значи ограничување, туку дополнително олеснување за движење и патување.

Сепак, Унијата е далеку од консензус… Француските власти сметаат дека е премногу рано да се зборува за таков документ, кој, според нив, би бил можен откако вакцината ќе биде достапна за пошироката јавност. Од своја страна, Романија смета дека предлогот ќе направи раздор меѓу државјаните на земјите членки на ЕУ.

Неодамна СЗО препорача да не се воведува сертификат за вакцинирање додека вакцината не биде еднакво достапна за сите, оквалификувајќи дека таков документ може да придонесе за дискриминација.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •