март 5, 2021

Царовска: 14 стручњаци го пишуваа новиот образовен концепт

Дел од стручната јавност од земјата е вклучена во пишувањето на самата нацрт-концепција за основното образование, рече Мила Царовска пред медиумите. Министерката за образование рече дека во тимот имало 14 стручњаци, од кои седум од педагошките факултети.

„Од 14, седум се високообразовни професори, оние кои што предаваат на педагошките факултети, од разните универзитети во нашата држава, од кои четворица се од Филозофски факултет и тие директно биле вклучени во пишувањето. Покрај нив, беа вклучени и практичари во пишувањето“, рече Царовска.

Министерката денеска беше на средба со наставници од сите општини во државата за консултација во врска со предложените реформи во основното образование. 

За дебатата која се одвива за новата концепција која крена прашина во јавноста таа рече дека се одвивала и на ниво на факултетите, односно дека дел од нив дале конструктиувни забелешки.

Нагласи дека концепцијата ќе се воведува етапно шест години и никој нема да остане без работа. 

„Учениците ќе научат да размислуваат граѓански и со своја глава. Со итата ќе треба да се постигнат одредени национални стандарди. Наставникот ќе има слобода да ја адаптира програмата според регионот, ни на крајот ќе мора да ги постигне резултатите.  Без тоа же продолжиме со негативни резултати на сите меѓународни и домашни натпреварувања“, вели Царовска.

Таа порача дека ќе има средба и во Собранието за новиот национален концепт за основното образование. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •