февруари 25, 2021

Финале во случајот „Монструм”: Рочиште за завршни зборови на странките

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април во 2012 година што е резервирано за завршни зборови на странките во случајот познат во јавноста како „Монструм“.

За петкратното убиство на 12 април во 2012 година, настан во кој смртно настрадаа момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор во претходна постапка беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декемвриво  2017 година ги укина пресудите, ги ослободи осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири од притвор и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм” го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Случајот „Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •