април 14, 2021

Тројца американски војници загинаа при уривање на хеликоптер во Њујорк

Тројца припадници на Националната гарда загинаа кога нивниот хеликоптер се урна на рутински лет западно од Њујорк, соопштија властите.

– Хеликоптер за медицинска евакуација UH-60 се урна во близина на малиот град Мендон во близина на Рочестер, изјави Ерик Дар, директор на одделот за воени и поморски работи на државата Њујорк.

Истрагата за околностите на несреќата е во тек. Хеликоптерот полетал од меѓународниот аеродром во Рочестер. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •