април 17, 2021

СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС

Денеска само се гласаше за законот, а расправата заврши на 15 јануари, кога немаше кворум за гласање.

Со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, Собранието денеска го усвои Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи во април годинава. Денеска само се гласаше за законот, а расправата заврши на 15 јануари, кога немаше кворум за гласање. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата за гласањето. Од најголемата опозициска партија претходно најавија дека ќе собираат потписи од граѓаните за поништување на овој закон.

Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека треба да се олабавиме сите за пребројувањето на населението, зашто стекнатите граѓански права на малцинските народи остануваат и само може да се развиваат натаму, одговарајќи на новинарско прашања за изјавата на пратеникот од ДУИ Арбр Адеми дека ДУИ нема да ги признае резултатите од пописот ако етничките Албанци во Република Македонија излезе дека се под 20 отсто од вкупниот број на населението.

„Пописот е само статистичка операција која е повеќе за административни потреби и планирање и зад нејзиното спроведување и зад резултатите стојат СДСМ, ДУИ и останатите партии во владејачката коалиција. Стекнатите права на помалубројните народи се веќе стекнати и нив не смее никој да ги оспорува и назадува, без разлика на резултатите од статистичката операција“, рече Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •