март 7, 2021

Предлог- законот за попис на гласање во Собранието

Собранието денeска треба да одржи продолжение на 29-та седница, на кое се очекува да се гласа за Предлог- законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021, по скратена постапка.

Расправата за Предлог- законот во Собранието, со кој треба да се овозможи во државава да се спроведе попис по 19 години, заврши на 15 јануари. Тогаш беше најавено дека за законот ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое ќе биде дополнително закажано.

Освен владејачката коалиција, поддршка за законот најавија и од опозициските партии на Албанците- Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот е опозициската ВМРО-ДПМНЕ која најави дека ќе бара негово поништување преку собирање граѓански потписи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •