април 12, 2021

Во Словенија бруто минималната плата скокна на над 1.000 евра

Во Словенија, минималната бруто плата годинава ќе се зголеми на 1.024 евра.

Министерот за труд Јанез Циглер, по денешната средба со претставниците на словенечките синдикати објави дека годинава минималецот ќе се зголеми од сегашните 941 на 1.024 евра бруто. Ова се смета за втора најважна од осумте мерки во законот за економска помош за време на епидемијата на корона вирусот во Словенија, пренесува СТА. Новата формула за пресметување на минималната загарантирана плата во Словенија предвидува дека таа мора да биде најмалку 20, но не повеќе од 40 проценти над минималните трошоци за живот. Синдикатите не се задоволни од ваквиот пристап на владата. Велат дека зголемувањето не вклучува реални зголемувања на трошоците за живот од 2017 година, кога последен пат беа пресметани таквите трошоци. Словенија е земја од екс Југославија која има највисоки плати. Во регионот, Македонија и Албанија имаат најниски плати. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •