април 17, 2021

Хилари Клинтон се сомнева дека Трамп разговарал со Путин пред упадот на негови приврзаници во Капитол

Поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон се сомнева во Доналд Трамп дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин пред немирите во Вашингтон.

Откритието го направи во нејзиниот разговор со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на подкастот „Tи и јас двајцата“.

„Во последните четири години научивме многу за нашиот систем на управување со претседател кој ја презира демократијата“, рече Хилари Кинтон.

Таа истакна дека би сакала да слушне снимки од телефонските разговори на Трамп за да открие дали тој разговарал со Путин на денот кога неговите приврзаници упаднаа во зградата на Капитол

Клинтон ја даде изјавата откако Пелоси рече дека немирите на 6 јануари во Вашингтон се „подарок за Путин“. Клинтон најави создавање на специјална комисија во Конгресот за испитување на можните врски меѓу Трамп и Путин.

Истрагата е потребна за да помогне во санирање на штетата направена на „националната безбедност“ и да се спречи можноста „марионета“ повторно да стане претседател на САД, повика Хилари Клинтон.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •