април 18, 2021

Трамп одржа проштален говор: „Движењето што го основавме е само почеток“ (видео)

БЕЛАТА КУЌА објави проштален говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред утрешната инаугурација на Џо Бајден. Прошталниот говор на Трамп, кој беше снимен во Белата куќа, трае нешто помалку од 20 минути.

Тој не го спомна Бајден по име

„Оваа недела инаугурираме нова администрација и се молиме за нејзиниот успех, да ја одржиме Америка безбедна и просперитетна“, рече тој, додавајќи: „Им посакуваме и среќа“. Иако станува збор за редок гест на добра волја кон неговиот наследник, Трамп не го спомена Бајден ниту еднаш во видеото. „Ние го направивме тоа што го сторивме – и многу повеќе од тоа. Водев тешки битки, најтешки битки и донесував најтешки одлуки, затоа што за тоа ме избравте мене“, им рече Трамп на Американците.

Тој тврди дека „најголемата опасност“ што сега и се заканува на Америка е „губење на вербата во големината на нацијата“. Во својот говор тој наведе сè што неговата администрација стори во изминатите четири години, од „спротивставување на Кина на начин на кој никој досега не сторил“ до „низа историски мировни договори на Блискиот исток“. „Светот повторно нè почитува, ве молам, не губете ја таа почит“, рече тој. „Не започнав нова војна“ „Особено сум горд што сум првиот претседател во последните неколку децении што не започнал нова војна“, рече Трамп.

Тој го спомена и неодамнешниот упад на неговите фанови во зградата на Капитол. „Сите Американци се згрозени од нападот врз Капитол … Не можеме да го толерираме тоа“, рече тој. Посебно е интересна пораката што ја испрати на крајот од својот говор: „Сакам да знаете дека движењето што го основавме е само почеток“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •