март 4, 2021

СЗО препорачува одложување на Евро 2021 и ЛОИ во Токио?!

Светската здравствена организација (СЗО) преку својот експерт Сантијаго Кома, шпански професор за заразни болести, инфекции и епидемии, повторно препорачуваат одложување на Европското првенство и Летните Олимписки Игри во Токио, двете закажани за летово, поради неизвесноста со вакцините, но и појавата на мутирани и многу позаразни соеви на коронавирусот.

Европската европска унија (УЕФА) и Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) лани ги одложија двата големи настани за ова лето после експлозијата на зараза од коронавирус, од која скоро 100 милиони луѓе се заразија изминатава година откако се појави ковид-19 во Кина, а веќе над два милиони луѓе се водат како починати од вирусот. Но, иако почна вакцинацијата, која сите ја очекуваа, за животот да се врати во нормала, Кома сега јавно препорачува и посочува дека двата големи настани треба – повторно да се одложат.

„Јас сум инволвиран во организацијата на големите настани од јуни до август и досега единствениот збор кој може најсликовито да ја опише ситуацијата е – неизвесноста. Мислам дека не треба да бидеме оптимисти во врска со пандемијата. Во сите случаи, мислам дека веќе треба да почне да се размислува за планот Б, а тоа значи дека треба да се размислува за – одложување на натпреварувањата. Не смее да се исфрли оваа опција, за жал, без оглед на големиот финансиски удар и штета што ќе донесе такво нешто“, вели Кома.

Тој посочува дека во моментов е ирационално да се размислува за нормални настани, со гледачи, со многу патувања…. Додава дека сето тоа се должи и на информациите дека вакцините не се така ефикасни, како што првично се мислеше.

„Под голем знак прашалник е дали вакцините ќе може да го спречат ширењето на коронавирусот. Знаеме дека и вакцинирани луѓе и понатаму се суспектни дека може да се инфицираат и да го пренесуваат вирусот на други. До овој момент, не знаеме дали вакцините ќе го спречат ширењето на зараза и во колкава мера би било тоа. Второ, веќе има логистички проблеми со вакцинираните луѓе, многу земји пријавуваат дека имаат проблем со давањето на втората доза три недели после првата. А, за крај, фармацевтските компании веќе одговараат дека не може да гарантираат за ефектот на вакцините, ако подоцна од предвиденото се даде втората доза“, додава Кома.

Дека и Евро 2021 и ЛОИ во Токио се повторно загрозени потенцира дека допрва ќе се прават анализите, од причина што логистичките проблеми за имунизацијата и слабиот процент на вакцинирање досега, прави огромни проблеми, а времето полека истекува во делот на подготовка за двата најголеми настани кои ги очекува светската спортска јавност.

„Решение на проблемот не е само да се види епидемиоилошката слика на една земја, туку проблемот е покомплексен. Луѓе се плашат да патуваат, да летаат. Имаме примери на зараза во авион, иако патниците биле тестирани и сите биле негативни пред полетување. Сето тоа е зашто вирусот се шири од болните, а тие немаат симптоми и тестовите не успеваат да го детектираат тоа. И сега, кога не знаеме ништо околу вакцинацијата, замислете дека за шест месеци ќе треба ново вакцинирање, со истата логистика. Ние само знаеме дека антителата почнуваат да слабеат после два месеци, па допрва треба да го видиме ефектот од вакцинацијата во секоја земја одделно, да видиме како ќе продолжи да се шири ковид-19…“, додава Кома.

Според последните информации досега во светот се вакцинирани 40 милиони луѓе, а најголема стапка на вакцинација има во Израел со скоро 30 отсто од населението.

Евро 2021 треба да се игра од 11 јуни до 11 јули во 12 градови, но првиот човек на Баерн Минхен и германска легенда Карл-Хајнц Румениге вчера објави дека УЕФА сериозно размислува да го одржи ЕП под стриктни протоколи во една земја, наместо низ цела Европа. Македонија треба да дебитира на ова Европско првенство.

ЛОИ, пак, треба да се одржат од 23 јули до 8 август во Токио, а преку 12.000 спортисти треба да дојдат во јапонската престолнина. Кит Милс, член на организацискиот одбор за ЛОИ во Лондон во 2012 година, вчера објави дека не верува во одржување на Игрите и очекува нивно одложување поради големата криза со вирусот во светот, иако јапонските власти најавија дека токму најголемиот спортски настан треба да биде „победата на човештвото над вирусот“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •