април 18, 2021

Пријави за 49 лица кои вчера на Водици присуствуваа на Сараиште на осветувањето на водите

На 19.01.2021 година во времето од 07 до 15 часот, преземени се активности со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот Covid 19, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Притоа, кај месноста „Сараиште“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица, истакна Димоски.

По целосно документирање , СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •