април 18, 2021

ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ТЕМЕЛ НА ВАЗАЛСТВОТО

Министерката за образование, Мила Царовска, која со недели наназад безобзирно ја игнорира јавноста и сите предупредувања во врска со инстант реформите, кои е решена по секоја цена да ги протурка, уривајќи го на таков начин образовниот систем во Македонија, во момент на искреност на ТВ Клан призна дека целата субверзивна активност досега била финансирана од меѓународни партнери кои, според неа, се грижеле за просперитет на државата што таа ја именува „нашата земја“ . Штом министерката тврди дека сè е транспарентно во овој процес, тогаш зошто јавно не соопштува кои се тие меѓународни партнери!? Јасно ја паметиме изјавата на Каракачанов дека нема ДА за Македонија без промени во образовние, како и ветувањата на Бујар Османи за нови учебници за да можеме да веруваме во добри намери!

Интересите на Македонија и просперитетот на Македонија не може и не смее да бидат ставени во скутот на господарите чиј вазал е министерката. Ја повикуваме истиот момент да го слушне и послуша мислењето на стручната и останатата јавност во Македонија и да престане од децата и од образованието да прави инструмент за натамошно обезличување и девастирање на Република Македонија и на националниот идентитет на Македонците.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •