јуни 21, 2021

Даниловски: Прерано е продолжувањето на работното време на кафеаните и кафулињата

Во моментов имаме стагнација на кривата на заразени, но сепак нови поголеми пикови од продолжувањето на работното време на угостителските објекти не би требало да има, вели професор д-р Драган Даниловски за Канал 5.

„Продолжувањето на работното време на угостителските објекти е можеби прерано, затоа што епидемијата сè уште не е поразена, но веројатно нема да предизвика големо зголемување на бројот на заболени од коронавирус, затоа што околу половина од населението веќе имало некаков контакт со вирусот и бројот на луѓе со имунитет е голем“, вели Даниловски

Според него, за два месеца треба да имаме колективен имунитет на населението добиено по природен пат, но сепак, вакцините се добредојдени за намалување на смртноста. Според епидемиологот Даниловски нема простор за паника од новиот британски сој на вирусот.

„Не верувам дека ќе се случат некакви спектакуларни зголемувања на бројките, но и малку да порасне бројот на нови случаи, со тоа некако пропорционално оди и зголемување на бројот на починатите, така што штета за тие што ќе заминат. Треба малку повеќе трпение да покажеме. Ете полека ќе дојде и до пристигнување на вакцината“, изјави Даниловски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •