март 4, 2021

(Видео) Најмалку двајца загинати во експлозијата во Мадрид, евакуиран домот за стари лица

Најмалку две лица загинаа во експлозијата што доведе до делумно уривање на зграда во центарот на Мадрид и предизвика пожар, изјави градоначалникот Хозе Луис Мартинез-Алмеида.

Тој додаде дека првичните информации покажуваат дека најверојатна причина за експлозијата е истекување на гас.

Градоначалникот на Мадрид, кој го посети местото на експлозијата, за локалната телевизија Телемадрид изјави дека не може да потврди колку луѓе се повредени.

Тој додаде дека не е причинета сериозна штета во училиштето што се наоѓа во близина на зградата.

Како што пренесуваат локалните медиуми, домот за стари лица, кој е сместен во зградата, е евакуиран, иако нема пријавено повредени меѓу неговите станари.

Во зградата живееле и свештеници каде подготвувале јадења за бездомници.

Полицијата го опколи местото на несреќата во Мадрид и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •