јуни 22, 2021

Шилегов не спие: Скопје ќе добие автобуско метро

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својата Фејсбук страница сподели дека граѓаните конечно ќе добијат БРТ (Бас рапид транзит) на територијата на Град Скопје.

– Популарното наречено автобуско метро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон, напиша Шилегов.

Со ова автобуско метро ќе се овозможи траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај.

– Ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот, вака Шилегов ја заврши својата објава.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •