мај 16, 2021

ЦЕНАТА НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ШТИП НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА ЗА 1,83 ДЕНАРИ ПО КУБИК ГОДИШНО

Новото пресметување ќе започне уште со јануарските сметки.

Советот на Општина Штип ги изгласа новите цени на водата за пиење во наредните три години, со што и правно-формално ги официјализира одлуките за утврдување на тарифите за снабдување со вода за пиење и за одведување на урбани води за регулиран период 2021-2023 година. Новите цени се наложени од Државната регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Регулаторна го задолжи јавното претпријатие „Исар“ кое стопанисува со водоснабдувањето во Штип од оваа година па заклучно со 2023, секоја година да ја зголемува цената на водата со тригодишен просек за нови 5,44 денари. Според раководителите на „Исар“, заголемувањето ќе има повратна функција затоа што ќе се акумулира повеќе средства за набавка на нови возила и други помагала кои во целина ќе значат подобри комунални услуги за граѓаните.

„Во 2021 година цената на водата ќе се зголеми за 1,83 денари за 1 метар кубен и ќе изнесува 33,76 денари за домаќинствата и 52,33 денари за правните лица. Во 2022 година цената ќе изнесесува 35,10 денари за домаќинствата и 54,41 денар за фирмите. Во 2023 година цената ќе изнесува 36,25 денари со 54,37 денари“, вели директорот на „Исар“ Живко Тасев.

Според Тасев, новото зголемување значи само изедначување на цената која пред две години се намали за 10 проценти и изнесуваше 31,93 денари. Новото зголемување е поради зголемените трошоци во работењето, посебно на оние трошоци што ќе уследат во 2022 година кога Штип ќе почне да ја користи и водата од Хидросистемот „Злетовица“.

Регулаторната комисија за енергетика одлучида ја намали цената на услугата за отпадните води, но само за првата година за 6,68 проценти. Така, оваа година услугите за отпадните води ќе чинат 11,58 денари за домаќинствата и 21,42 денари за фирмите. Во 2022 ќе има извесно зголемување од 12,98 денари со 24 денари, а во 2023 година услугите ќе чинат 13,62 денари за домаќинствата и 25,13 денари за фирмите.
Новото пресметување ќе започне уште со јануарските сметки.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •