мај 9, 2021

СДСМ почна со ажурирање на членството

Денеска започна постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член која ќе трае до 25 февруари.

Ова е дел од новиот крупен исчекор кон поголема внатрепартиска демократија.

Оваа година претседателот на СДСМ ќе го бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори процес што за прв пат се случува во нашата татковина.

Постапката во СДСМ започнува од месните одбори, каде тимови ќе го посетат секој наш член, секако почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот, а постапката понатаму продолжува во комисиите на општинските организации па се до највисоките партиски органи и до Централниот одбор.

Активната регистрација, ќе може да се реализира и самостојно преку онлајн пријавување, во електронска форма на следниот линк: https://sdsm.org.mk/azhuriranje

Продолжуваме да се менуваме, да работиме во интерес на граѓаните и државата!

СДСМ постојано се менува, се унапредува, демократизира, модернизира. Се подобрувме за подобро да ви служиме на Вас, граѓаните.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •