март 8, 2021

Путин за Водици се нурна во замрзнато езеро на минус 20 степени (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се искапи на 20 степени Целзиусови под нулата во замрзнато езеро недалеку од Москва, на традиционален православен ритуал по повод Богојавление и крштевањето Христово.

Соблекувајќи го дебелиот капут и чизмите, 68-годишниот руски претседател влезе во ледената езерска вода спроти големиот крст направен од мраз, опкружен со снег.

Се нурна три пати, според снимките објавени од неговата канцеларија.

Кремљ објасни дека ова го означува крштевањето на Христос во реката Јордан.

Десетици илјади Руси Богојавление го слават на 19 јануари според православната традиција капејќи се во замрзнати езера или реки, иако според толкувањето на Руската православна црква, тоа не е задолжително.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •