јуни 20, 2021

Охрид не ја напушта традицијата, група верници влегоа во езерските води

Вековната традиција за големиот христијански празник Богојавление – Водици продолжи, но на поинаков начин поради ковид пандемијата. 

Годинава немаше масовно осветување на Охридското езеро, а водосвет се вршеше во црковните храмови и дворови. Светиот крст наместо во езерските води овојпат симболично се фрлаше во црковен казан во светиот храм Никола Гаракомија, а среќниот фаќач е Никола Чорбески од Варош.

Верниците од утрото присуствуваа во црквите каде се служеа свети божествени литургии. Велат за охриѓани нема позначаен празник од денешниот.

Но, и покрај апелите и забраните за масовни групирања, педесетина капачи сепак останаа верни на традицијата и се искапија во ладните езерски води. На брегот можеше да се забележи и присуство на полицски службеници, кои неколку пати ги опоменуваа дел од присутните да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19, да носат маски и да држат дистанца.

Во изминатите денови, заради непочитување на мерките МВР растури повеќе домашни забави, приведе повеќе угостители кои работеле по 18 часот, а беше прекинат и карневалот во Вевчани. Од полицијата велат дека доколку утврдат прекршување на здравстввните протоколи за време на денешното празнување на Водици ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •