јуни 22, 2021

КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА ОД ЧЕТВРТОК ЌЕ РАБОТАТ ДО 21 ЧАСОТ

Филипче вели дека од следната недела можно е угостителските објекти да работат до 23 часот.

Од четврток, 21 јануари, рестораните и кафулињата ќе работат до 21 часот, објави премиерот Зоран Заев, откако на денешната владина седница ги разгледале епидемиолошките насоки.

Угостителските објекти од 18 декември работат до 18 часот како дел од мерките на Владата донесени пред новогодишните празници, со цел да се спречат групирања и новогодишни прослави.

„Со оваа одлука завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети“, вели Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека следната недела, откако ќе се анализира епидемиолошката состојба во земјата, можно е да се дозволи угостителските објекти да работат до 23 часот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •