март 5, 2021

Бајка за малкумина

Граѓаните на Македонија, на Србија и на Босна и Херцеговина, освен заедничкото минато во поранешна Југославија, ги врзува уште една приказна. Тие станаа жртви на силното енергетско лоби коешто, на почетокот на 21 век, прошверцува теза дека изградбата на мали хидроцентрали е идеален начин за зголемување на производството на таканаречената чиста или зелена енергија, којашто нема да ја загадува природната средина. Беа поставени високи цели за пораст на производството на струја од обновливи извори на енергија, што се искористи како оправдување за субвенционирање на работата на малите хидроцентрали.

Нашето истражување покажа дека ефектите од ваквите политики се поразителни и дека главни придобивки имаат поединци и компании што се богатат на сметка на граѓаните и притоа, голем број од нив, ја уништуваат животната средина.

Финансираме „машини за пари и за уништување“

Од 2010 година до 2019 година, бројот на малите хидроцентрали во Македонија коишто се субвенционирани пораснал од 5 на 90.

Извор: Регулаторна комисија за енергетика

Главна причина за зголемување на интересот на инвеститорите за овој бизнис е  таканаречената повластена тарифа, којашто како мерка за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија беше претставена во 2007 година, а почна да се применува во 2010 година. Станува збор за регулирана цена за откуп на електрична енергија од повластен производител од страна на операторот на пазарот на електрична енергија (МЕПСО). Операторот на пазарот на електрична енергија ја продава откупената електрична енергија произведена од повластените производители на снабдувачите и трговците со електрична енергија коишто им продаваат електрична енергија на крајните потрошувачи.

Патот на парите

На повластените производители коишто користат повластена тарифа им е загарантирана тарифата за секој киловат-час (kWh) произведена електрична енергија по која операторот на пазарот на електрична енергија е должен да ја откупи целата електрична енергија произведена од повластените производители. Тоа преку сметките за струја го плаќаат крајните потрошувачи, односно граѓаните.

Учеството на учесниците на пазарот во надоместокот што го плаќаат крајните потрошувачи може да се види во следниот пример:

Пример 1: Удел на учесниците на пазарот во една просечна фактура за електрична енергија од 3.000 денари за домаќинства. Извор: ЕВН

Целото истражување тука.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •